Министерот Спасов во посета на „Порака“ Неготино PDF Печати
   Министерот за труд и социјална политика во Владата на РМ Диме Спасов придружуван од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и директорката Гордана Трајковска беше во работна посета на Неготино ви чии рамки престојуваше и се запозна со работата на Дневниот центар „Порака“, а беше посетена и една заедница за организирано живеење на штитениците.„Процесот на деинституционализација Министерството за труд и социјална политика го поддржува од самото негово започнување и имајќи предвид дека дава одлични резултати, со средства во висина од 16.500.000 денари на годишно ниво и понатаму ќе продолжиме со напорите за подобрување на социјализацијата на лицата со умерен и тежок хендикеп кои се сместени во заедници за организирано живеење“-истакна министерот Диме Спасов . Во вкупно 76 заедници во Македонија 43 се во Неготино и 33 во Волково и во нив престојуваат 76 корисници кои предходно престојувале во установи од затворен тип, а во овие заедници од страна на стручни лица ја имаат целосната поддршка за нивно 24 часовно егзистирање, посетуваат разни настани од јавен карактер и се прифатени од населението во градот. Градоначалникот Апостолов истакна дека општина Неготино имала и ќе има одлична соработка со Дневниот центар „Порака“ преку поддршка за разни манифестации што установата ги организира со цел за спроведување на бројни активности преку директно учество на штитениците на настани кои придонесуваат за нивна социјализација во општството.