Заврши асфалтирањето на првите 800 метри од патот Г.Дисан-Вешје PDF Печати

Во предвидениот временски рок за тоа и со обезбедени средства од страна на општина Неготино во висина од 20 милиони денари завршија градежните работи за асфалтирање на првите 800 метри од патниот правец од Горни Дисан до Вешје. Истовремено, работници на фирмата-изведувач  извршија проширување и тампонирање на дел од патот во должина од близу 2 километри со што дојде до значително подобрување на условите и безбедноста за одвивање на сообраќајот во овој регион застапен со земјоделски површини со најголема застапеност на лозовите насади-локација  каде што секојдневно се упатуваат голем број граѓани од регионот на Дисанијата, од општина Неготино, како и од соседни општини. Станува збор за реализација на првата фаза од проектот за комплетно уредување на  овој пат со поставување на два слоја асфалт на првите 800 метри и со ширина на патот од 5,5 метри, додека асфалтирањето на останатиот дел од патот ќе се одвива во фази.