Општина Неготино на 15-ти јуни ќе спроведе прскање против комарци PDF Печати

   Во среда на 15-ти јуни на целата територија на општина Неготино ќе се спроведе дезинсекција за уништување на комарци. Прскањето ќе се одвива со препаратот „аквакотрин“-еден од најефикасните за уништување на комарците и ќе започне околу 22,00 часот со тоа што на почетокот ќе бидат опфатени периферните делови од општината, а по полноќ кога и раздвиженоста е помала, ќе се прска во централното градско подрачје. Токму затоа, на населението му се препорачува во овој период да биде попасивно во поглед на движењето во центарот на градот, а до пчеларите и до пчеларските здруженија се апелира навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Средствата потребни за спорведување на акцијата за дезинсекција се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.