„Македонија без отпад“-Неготино 2016 г. PDF Печати

  Стотоци граѓани на општина Неготино, владини функционери, спортисти, екологисти и многу други се вклучија и зедоа учество во 5-тата по ред акција „Македонија без отпад“ што се спроведе на дел од територијата на Неготино. Повеќе локации од отпад ги чистеа заменик-министерот за животна средина Стево Темелковски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, директорката на „Комуналец“ Наташа Лазова и други при што беше собран отпадот на три локации:- приклучниот пат за влез во Неготино од старата бензинска пумпа, двете улици долж булеварот Маршал Тито и просторот околу спортска сала Младост. Самата акција беше реализиран со две цели-да се искорстат овие пролетни денови за остранување на мали и диви депонии од отпад и да се едуцираат граѓаните за подигнување на свеста за штетите од неконтролираното исфрлање отпад.