Во недела акција „Македонија без отпад“ за почисто Неготино PDF Печати

   Во недела, на 05-ти јуни, и на подрачјето на општина Неготино ќе се реализира традиционалната акција „Македонија без отпад“ која има за цел преку масовно учество на сите заинтересирани граѓани да се придонесе за отстранување на отпадот на определени локации на кои ќе се изведуваат активностите од оваа акција.. Директорката на „Комуналец“ Наташа Лазова не информираше дека акцијата ќе се одвива на 3 локации, при што ќе се чистат двете улици од Булеварот Маршал Тито, приклучниот пат кон Неготино од старата бензиска на Макпетрол и просторот околу Спортско рекреативниот центар Младост кој неодамна беше комплетно уреден од страна на „комуналци“. Во акцијата најавено е присуство и учество и на заменик-министерот за животна средина во Владата на РМ Стево Темелковски, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, вработени во локалната администрација и државни установи, вработени од локалното комунално претпријатие, како и други граѓани кои ќе се вклучат во остата. Организаторите упатуваат јавен апел до сите заинтересирани граѓани кои ќе изразат желба да се вклучат во расчистувањето на Неготино дека акцијата во недела на 05-ти јуни ќе започне од 11,00 часот.