Прием за државните прваци од СОУ„Св.Кирил и Методиј“ по сообраќајно-техничка култура PDF Печати

   Постигнатиот  голем успех на учениците  од Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино кои на одржаниот Државен натпревар по „Сообраќајно техничка култура на младите“ кој се одржа во Скопје го освоија првото место и станаа прваци во екипна конкуренција во Република Македонија, беше повод денеска градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов за нив и нивниот ментор да организира прием на кој беше информиран за ова одлично постигнување на учениците. Апостолов ја искористи можноста да им честита на успехот и да ја искаже гордоста што Неготино има млади луѓе со извонредни познавања од различни области, а тоа пак резултира со одлични постигнувања на разни натпреварувања на кои тие учествуваат.  Инаку, неготинската екипа која беше составена од тројца ученици овој извонреден успех го постигна под менторство на професорот Симеончо Пушкинов, а  што се однесува до настапите во поединечна конкуренција ученикот од трета година Миле Ефтимов го освои првото место и доби награда велосипед, Александар Мицев од прва година го освои третото место и награда таблет, додека Игне Јанчев од прва година беше четвртопласиран.