Заврши петтото по ред отворено градско првенство на Неготино во шах PDF Печати

  Во организација на општина Неготино, а  во соработка со Градскиот шаховски клуб Неготиноод 20 до 23 мај во просториите на Туристичко-информативниот центар Желкова куќасе одржа петтото по ред отворено првенство на Неготино во шах. На првенството зедоа учество 22 учесници кои одиграа вкупно 7 кола по швајцарски систем. Победник на овогодинешното отворено првенство на Неготино во шах е младиот шахист Тони Лазов кој од седум одиграни партии освои 6,5 поени и ја освои првата награда во вредност од 5.000 денари. Второпласиран на турнирот е Илија Ѓорѓиев, а третопласиран е Санде Атанасов. Исто така награди добија и најдобро пласираниот млад учесник (до 18 години) и најдобро пласираниот ветеран (над 60 години) кои зедоа учество на турнирот. Вкупниот награден фонд кој го обезбеди општина Неготино изнесуваше 17.000 денари, а дипломите и наградите на најдобрите им ги додели покровителот на првенството градоначалникот на Општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов.