Отворено градското првенство шах „Неготино-2016“ PDF Печати

Турнирот на кој оваа година учество ќе земат 21 познавачи на оваа „древна игра“ за отворен го прогласи покровителот-градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на сите учесници им посака успешен настап и да победи најдобриот, додавајќи дека полека, но сигурно, со успесите што ги постигнуваат младите неготински шахисти, Неготино станува и шаховски град. И годинава турнирот се одржува во просториите на ТИЦ Желкова куќа во Неготино и ќе трае до понеделник, а велемајсторот Трајко Недев ги одреди натпреварувачките парови кои започнаа со мечевите на шаховската табла. Според Недев, во рамките на турнирот ќе се одиграат 7 кола по Швајцарски систем и тоа секој ден по две кола со времетраење на мечот од 25 минути плус 10 секунди за секој потег. Организаторите на турнирот обезбедија награден фонд од 17.000 денари кои ќе им бидат поделени на најдобрите учесници на градското првенство во шах.