Општина Неготино обезбеди средства за инфраструктурно уредување на УЗ 8 PDF Печати

  Асфалтирање и тампонирање на 3 улици во овој дел од градот, поставување на фекална и атмосферска канализација и осветлување на целиот простор-се дел од активностите со кои „Индустриската зона УЗ 8“ во Неготино каде што функционираат повеќе стопанско-индустриски капацитети ќе биде целосно инфраструктурно уредена – информира градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Средствата, додава Апостолов, се добиени со посредство на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, а преку Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа. Станува збор за инфраструктурно уредување на Урбаната заедница 8 која е лоцирана од десната страна на излезот од Неготино кон Кавадарци-проект вреден 5.684.380 денари од кои општина Неготино учествува со 219.225 денари. Се очекува времетраењето на реализацијата на овој проект да биде 4 месеци.