Реализиран проектот за асфалтирање на 3 улици во Тимјаник PDF Печати

   Работници на Градежното претпријатие „Градба промет“ денеска ги иведоа завршните градежни работи за асфалтирање на 3 улици во Тимјаник, со што дојде до заокружување и компелтно реализирање на проектот за асфалтирање на предвидените улици.  Имено, во текот на денешниот ден беше асфалтирана и последната, трета по ред, улица во Тимјаник, а во предходниот период се изврши асфалтирање на 2 од кои едната која важи за најфреквентна и која води до селските гробишта и блиските земјоделски површини, како и уште една улица во селото. За спроведување на овие активности општина Неготино обезбеди средства во висина од 10.000.000 денари. Деновиве, градежните работи ќе се преселат и ќе бидат активни и на дел од патниот правец Горни Дисан-Вешје каде што се очекува да започнат асфалтерските работи на една делница од овој патен правец, а наскоро ќе се асфалтира и патот од Калањево до излетничкото место Бела вода.