ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАСАДИ ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати

Се повикуваат граѓаните на општина Неготино на кои ниските температури кои ја зафатија општина Неготино во периодот од 27.03.2016 до 29.03.2016 за овошни насади и 20.04.2016 за лозови и други насади им има нанесено материјална штета истата да ја пријават во просториите на општина Неготино. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот во период од 06.05.2016 година (петок) до 12.05.2016 година (четврток) во архивата на општина Неготино. Лице за контакт од општина Неготино за пријавување на штетите е Митко Толовски контакт телефон 076/212-094. Барањето за настанати штети може да го доставите и по електронски пат преку пополнување на Пријава за излез на лице место која може да се превземе на општинскиот веб сајт negotino.gov.mk и да ја доставите на емаил адреса на општина Неготино Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист). 

Барање за пријавување на материјални штети на земјоделски насади