ОПШТИНА НЕГОТИНО НА ПРОМОТИВНИТЕ ДЕНОВИ НА РЕГИОНИТЕ PDF Print
There are no translations available.

     Општина Неготино заедно со останатите локални самоуправи од Вардарскиот плански регион, а во рамките на реализацијата на проектот кој се одвива под мотото ,, Сакај ја Македонија, уживај во својата Татковина ,, изврши сопствено претставување на, за тоа посебно уреден штанд, пред многубројните посетители кои ја следеа манифестацијата на плоштадот ,, Македонија ,, во Скопје. Самата промоција постигна многу позитивни ефекти и привлече големо внимание кај граѓаните, а сето тоа резултираше со посета на штандот на нашата општина каде што преку промотивни материјали заинтересираните имаа можност да се запознаат со стопанските, туристичките, природните и културните потенцијали на неготинска општина.

     Притоа, тие од страна на градоначалникот Пане Трајков и од претставниците на општинската администрација добија бројни информации за активностите на општина Неготино, за идните планови, како и за локалните регионални проекти. На ограничениот простор на штандот на нашата општина, беа претставени и дегустирани вината на винариите ,, Бовин ,, и ,, Малерич ,, како и производите на ,, Јадран – Готино ,,. Во полчасовниот забавен дел, општина Неготино со свој настап ја претставија Кристина Палија, Тајчи и Александар Белов, а изведувањето на нивните нумери наиде на одличен прием кај посетителите.

     Инаку, промотивните денови на регионите под мотото ,, Сакај ја Македонија, уживај во својата Татковина ,, се одржаа со поддршка на ГТЗ, а во организација на Заедницата на единиците на локалните самоуправи и на регионалните центри за развој.