Новиот резервоар во Тимјаник ќе започне да се гради од наредната недела PDF Печати

   По завршувањето на неопходните земјени работи, создадени се услови  од наредната недела да започнат градежните работи за изградба на новиот резервоар за вода со зафатнина од 500 м3 кој ќе биде лоциран веднаш до постоечкиот во Тимјаник, а на кој досега се извршени неопходните земјени работи. Станува збор, вели Апостолов, за уште еден проект со кој се очекува да дојде до подобрување на водоснабдувањето во градот и тоа за населението кое живее во високите зони и во дел од населените места, а паралелно течат работите и за изградбата на новиот резервоар во селото Пепелиште со зафатнина од 200 м3 вода со чие ставање во функција долгорочно ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето на пепелиштани. Според градоначалникот Апостолов, по завршувањето на изградбата на новиот резервоар во Тимјаник, истиот ќе биде поврзан со водоводната мрежа во Неготино со обезбедување на дополнителни количини вода за населението од градот.