Градоначалникот Апостолов го отвори Општинскиот натпревар „Детски семафор-2016г“ PDF Print
There are no translations available.

   Денеска во просториите на ООУ„Страшо Пинџур“ во нашиот град во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за образование и наука и под покровителство на општина Неготино се одржува четвртиот по ред општински натпревар „Детски семафор-2016“. Дејан Нацев-претседател на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата информираше дека на натпреварот учествуваат ученици од три основни училишта и тоа „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“ од Неготино и „Димката Ангелов Габерот“ од Д.Капија, како и 3 екипи од СОУ„Св.Кирил и Методиј“. Најуспешните од ова натпреварување ќе се стекнат со право на учество на регионален натпревар, а соколку и таму постигнат добри резултати, ќе се натпреваруваат и на државниот натпревар. Настанот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на сите учесници им посака успех во натпреварувањето со желби да победат најдобрите и најподготвените, додавајќи дека тој како градоначалник и локалната самоуправа водат континуирана грижа за да имаме безбедни и проодни улици како во градот, така и во населените места, што пак придонесува за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот.