Нови простории за Здружението на слепи лица PDF Печати
  Во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од основањето на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, денеска на пригодна свеченост градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на секретарот на општинското Здружение Даниела Рангелова и го предаде клучот од новите простории во кои во иднина ќе делува оваа организација. На овој начин, на над 60 членови на Здружението на слепи од Неготино им се создадени неопходните услови за нормално и редовно фунционирање и извршување на предвидените активности од нивната програма за работа. Апостолов потенцираше дека ова Здружение и неговите членови ја имале и ќе ја имаат подршката на градоначалникот и локалната самоуправа, а од Здружението на слепи упатија јавна благодарност до градоначалникот Апостолов пред се за обезбедувањето на новите простории, но и за континуираната поддршка што цели 3 години ја имаат од него.