Заврши ракометниот турнир „Неготино-2016“ PDF Печати

   Женската екипа на „Виденбрук“ од Германија и машката екипа на „Вардар“ од Неготино се победници во своите категории во рамките на дводневниот  меѓународен турнир во ракомет кој во изминатите два дена се одржуваше во Неготино. Инаку, и во машка и во женска конкуренција настапија по 4 екипи и тоа во женска првата и втората екипа на Струма од Струмица, Вардар од Неготино и Виденбрук од Германија, додека во машка конкуренција играа тимовите на Астраион од Струмица, Виденбрук од Германија, Беса фамилија од Косово и Вардар од Неготино. По завршувањето на турнирот беа прогласени и најдобрите поединци во двете категории, а наградите им ги врачи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов.