Голем интерес за проектот на Владата на РМ „Купи куќа за млади“ во Неготино PDF Print
There are no translations available.

Поволната поддршка што ја дава Владата на Република Македонија за проектот „Купи куќа за млади“ е олеснување за граѓаните во плаќањето на ратите од кредитот или во покривањето на учеството за обезбедување на сопствен дом, а тоа со овие два модели го прави примамлив овој проект за младите, што пак резултираше со голем интерес кај граѓаните на општина Неготино кои масовно дојдоа во салата на локалната самоуправа да ја проследат презентацијата за проектот „Купи куќа за млади“. Имено, проектот „Купи куќа за млади“ нуди избор на еден од двата модела со кои Владата на РМ преку неповратни средства им помага на младите да ја отплаќаат ратата или го плаќа учеството за станбен кредит за купување, изградба, надградба или доградба на куќа. Со проектот „Купи куќа за млади“ под исклучително поволни услови им се овозможува на младите до 35 години да си го решат станбеното прашање и да дојдат до свој дом или куќа. На презентацијата што ја извршија претставници на Министерството за финансии и локалната самоуправа беа претставени моделите преку кои заинтересираните можат да аплицираат до банките, во Неготино 3, за добивање средства за започнување со обезбедување сопствен дом.