Прво издание на меѓународниот ракометен турнир “НЕГОТИНО 2016” PDF Print
There are no translations available.

   Во сабота и недела (2 и 3 април) во спортската сала на средношколскиот училишен центар “Св.Кирил и Методиј” ќе се оддржи првиот меѓународен ракометен турнир “НЕГОТИНО 2016” на кој учество ќе земат осум екипи од кои четири во машка и четири во женска конкуренција. Во машка конкуренција ќе настапат екипите на домаќинот РК “Вардар - Неготино”, германската екипа HC “Wiedenbruck”, екипата на РК “Беса Фамилија” од Косово и екипата на РК “Астраиoн” од Струмица. Во женска конкуренција ќе учествуваат екипите на ЖРК “Вардар - Неготино”, HC “Wiedenbruck” и двете екипи на ЖРК “Струма” од Струмица. Инаку во текот на 2015 година, Ракометниот клуб “Вардар Неготино” учествуваше на 13 издание од големиот ракометен турнир “EMS CUP OPENAIR HANDBALL” кое се одржа од 20.06 до 21.06 во Виеденбрук, Германија, па ова гостување на гостите од Германија е своевидно продолжување на соработката помеѓу двата клуба. Организатор на меѓународниот турнир “НЕГОТИНО 2016” е ракометниот клуб “Вардар - Неготино”, а коорганизатор и поддржувач на истиот е општина Неготино. Генерален спонзор е Кроација осигурување – неживот.