Општина Неготино со позитивни искуства од проектот „Општинско корисна работа“ PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов пред присутните на дводневната информативна работилница што ја организираат локалната самоуправа и УНДП, а која започна денеска, ја презентираше информацијата за досегашното функционирање на проектот „Општинско корисна работа“ на подрачјето на неготинска општина, притоа искажувајќи задоволство од досегашните позитивни искуства од спроведувањето на овој проект во општина Неготино. Апостолов додаде дека бидејќи искуствата и бенефитот од имплементирањето на овој концепт се покажа како многу позитивни во нашата општина, локалната самоуправа е заинтересирана да го применува и во иднина, а за таа цел, и овој пат согласно повикот ќе биде поднесена апликација со предлог и во иднина да биде поддржан веќе постојниот и позитивно прифатен концепт со можност за внесување иновативни компоненти. Проектот, според градоначалникот,  е од особена важност како за невработените и корисниците на социјална помош-ангажирани лица, исто така и за корисниците кое се опфатени во вакви и слични социјални сервиси и услуги.