Во петок, 1ви Април – “Маскенбал 2016” PDF Печати

  Во петок, на 1ви Април, во организација на Општина Неготино и образовните установи од општината ќе се одржи традиционалниот градски маскенбал, кој што ќе вклучува маскенбалско дефиле и културна програма на бината на градскиот плоштад со изведби на децата и учениците од двете основни и средното училиште Св.Кирил и Методиј. Во рамките манифестацијата со свои маски ќе се претстават децата од двата клона на детската градинка Фемо Кулаков”, учениците од основните училишта Страшо Пинџур и Гоце Делчев и средното општинско училиште Св.Кирил и Методиј. Манифестацијата ќе започне со маскенбалското дефиле кое ќе тргне од двете основни училишта Гоце делчев и Страшо Пинџур точно во 12.00 часот на 1 Април (петок), ќе се движи по улиците Партизанска и Маршал Тито и ќе пристигне на градскиот плоштад од двата правци, каде што од 12.30 часот ќе започне културната програма на бина во рамките на која децата и учениците од Неготино ќе се претстават со хумористични точки и музички и денс изведби.