Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностВо петок, 1ви Април – “Маскенбал 2016” |
There are no translations available. Во петок, на 1ви Април, во организација на Општина Неготино и образовните установи од општината ќе се одржи традиционалниот градски маскенбал, кој што ќе вклучува маскенбалско дефиле и културна програма на бината на градскиот плоштад со изведби на децата и учениците од двете основни и средното училиште “Св.Кирил и Методиј”. Во рамките манифестацијата со свои маски ќе се претстават децата од двата клона на детската градинка “Фемо Кулаков”, учениците од основните училишта “Страшо Пинџур” и “Гоце Делчев” и средното општинско училиште “Св.Кирил и Методиј”. Манифестацијата ќе започне со маскенбалското дефиле кое ќе тргне од двете основни училишта “Гоце делчев” и “Страшо Пинџур” точно во 12.00 часот на 1 Април (петок), ќе се движи по улиците “Партизанска” и “Маршал Тито” и ќе пристигне на градскиот плоштад од двата правци, каде што од 12.30 часот ќе започне културната програма на бина во рамките на која децата и учениците од Неготино ќе се претстават со хумористични точки и музички и денс изведби.
|