Прием за младите фудбалери на „Јанг бојс“ од Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Претставници на една исклучително талентирана генерација млади фудбалери-членови на Фудбалскиот клуб „Јанг бојс“ од нашиот град денеска беа примени и се задржаа во краток разговор со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Повод за средбата е освојувањето на второто место на  екипата на „Јанг бојс“ на неодамна одржаниот Балкански турнир во фудбал кој се одржа во Сандански-Бугарија со настап на фудбалери родени од 2005 година. Како што информираа претставниците на Управата на клубот, на овој турнир учествувале 68 екипи од Балканот и во таква исклучително силна конкуренција, неготинските фудбалери го освоија одличното второ место. Градоначалникот Апостолов во обраќањето го поздрави овој успех на фудбалерите на „Јанг бојс“, им порача и понатаму вредно да работат, тренираат и да ги изучуваат тајните на фудбалската игра, што неминовно ќе води кон остварување на вакви и слични резултатски постигања на задоволство на сите љубители на фудбалот, а како и досега, и понатаму ќе ја имаат неговата и поддршката на општина Неготино во рамките на расположливите финансиски средства.