Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностНОВ ВОДОВОД ВО ДОЛНИ ДИСАН |
![]() |
![]() |
There are no translations available. Севкупната вредност на проектот со кој се обезбедуваат дополнителни количини вода за жителите на Д.Дисан изнесува 8.000.000 денари од кои 6.500.000 ги обезбеди Министерството за транспорт и врски при Владата на Република Мкедонија, додека општина Неготино учествуваше со средства во висина од 1.500.000 денари. Меѓу другото, во делот на градежните активности, извршено е дупчење на бунарот на длабочина од 93 метри од страна на Градежниот институт на Македонија чии вработени ја поставија и цевната конструкција на бунарот, а овие зафати чинеа 2.220.000 денари обезбедени од ресорното Министерство. Набавени се и монтирани цевки во должина од 300 метри кои новиот бунар го поврзуваат со постоечкиот цевковод, изградена е столбна трафостаница со комплетна опрема за ставање во функција на пумпите за црпење на вода од бунарот, а локалната самоуправа со цел за заштита на новиот објект, со соодветни елементи изврши оградување на овој простор. Работите во оваа фаза чинеа околу 3.500.000 денари.
|