Училишен час во кабинетот на градоначалникот Апостолов PDF Print
There are no translations available.

   Ученици од четврто одделение од Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ од Неготино во рамките на одвивањето на воспитно-образовниот процес и изучувањето по предметот општество, денеска остварија  средба со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во неговиот кабинет. Првиот човек на општина Неготино Апостолов во прилог на се она што учениците го учат за локалната самоуправа, ја искористи можноста да ги запознае со органите и телата на општина Неготино, што значи функцијата градоначалник и кои се неговите права и обврски, како функционира Советот на општината, локалната администрација и слично. Градоначалникот ја искористи можноста да ги информира своите најмлади сограѓани за проектите и активностите што тој и стручните служби ги реализираат, а кои имаат за цел да ги подобрат севкупните услови за живеење како во Неготино, така и во селата кои припаѓаат на неготинска општина. Апостолов истакна дека негов и општински приоритет е решавањето на проблемот со водоснабдувањето, изградба на патна инфраструктура, создавање услови за отворање производствени капацитети во кои би се вработувале невработените и друго. Учениците ја искористија можноста на адреса на градоначалникот да упатат и повеќе праѓања, на кои Апостолов им даваше одговори.