Во Неготино две одлични театарски комедиии по повод одбележувањето на Денот на театарот - 27 март PDF Печати
   Театарските комедии Женидба и Чорбаџи Теодос оваа година ќе бидат одиграни во чест на прославата на Денот на театарот 27 март, кој како и насекаде во светот ќе биде одбележан и во нашиот град. Урнебесната комедија Женидба работена на текст на Н.В. Гогољ во режија на Драган Велјановски во иведба на кавадаречкиот театар Иван Мазов Климе ќе биде одиграна на 23 март (среда) во Центарот за култура Ацо Ѓорчев во Неготино со почеток од 20 часот. Претставата ја игра театарска група од 15-тина актери, а истата доживеа повеќе изведби ширум државата. Втората театарска претстава со која ќе биде одбележан Денот на театарот е  комедијата Чорбаџи Теодос во изведба на театарот од Демир Капија, а на неготинската сцена во Центарот за култура Ацо Ѓорчев ќе се најде на 24 март (четврток) со почеток од 19.30 ч. Култниот текст за претставата е на македонскиот драматург Васил Иљоски, а режијата на Димче Бањански. Претставата ја игра 12-члената театарска група од овој театар. Двете театарски претстави се комплетно финансиски поддржани од Општина Неготино, а ќе бидат реализирани во соработка со Центарот за култура во Неготино.