Завршена е реконструкцијата на водоводната мрежа на 6 улици во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Веќе извесен период на терен работниците на фирмата-изведувач „Алдинг-инжинеринг“ реализираат градежни работи за замена на старата и дотраена со нова водоводна мрежа. Станува збор за проект кој се спроведува со дел од средствата во висина од 38.000.000 денари обезбедени од Светска банка и со кои покрај реконструкцијата на водоснабдителниот систем, се гради и нов резервоар за вода со зафатнина од 500 м3 во Тимјаник во близина на постоечкиот за потребите на потрошувачите кои живеат во високите зони. Работите засега се одвиваат според предвиденото, па така завршена е реконструкцијата на 6 улици во Неготино и тоа Енгелсова, Ило Виларов, Душан Јуруков, 29 Ноември, Никола Петров и Ленинова, додека за рекоснтрукција останува водоводната мрежа на улиците Киро Крстев, Ставре Ставрев, Ацо Аџи Илов и 12 Ваташки другари. Се очекува работите да завршат во предвидениот рок за тоа до крајот на јуни, со што се верува, заедно со спроведувањето на останатите паралелни проекти за подобрување на водоснабдувањето, дека во престојниот летен период жителите на Неготино ќе имаат 24 часовно континуирано водоснабдување.