Се изведуваат градежни работи на новиот резервоар во Тимјаник од 500 м3 PDF Печати

   Паралелно со изградбата на новиот резервоар со зафатнина од 200 м3 наменет за задоволување на потребите од вода за пиење на жителите на Пепелиште, градежни работи се одвиваат и на новиот резервоар во Тимјаник со зафатнина од 500 м3. Станува збор за проект кој општина Неготино го реализира заедно со реконструкцијата на водоснабдителниот систем на улици во Неготино во должина од 8 километри со средства од 38.000.000 денари обезбедени преку Светска банка, а количините вода од резервоарот во Тимјаник ќе бидат наменети за жителите кои живеат во високите зони во Неготино. Изведувач на работите е фирмата АЛДИНГ-инжинеринг, а рокот за завршување на истите е 9 месеци-период во кој треба да заврши и реконструкцијата на водоводот во Неготино. Во делот на работите на резервоарот во Тимјаник, досега е извршен ископ на просторот каде истиот ќе биде лоциран и е извршено тампонирање на просторот кој зафаќа површина од околу 200 метри квадратни.