Започна изградбата на резервоар во Пепелиште PDF Печати

   Деценискиот проблем што месното население од Пепелиште го има со водоснабдувањето ќе биде решен со изградбата на нов резервоар за вода со зафатнина од 200 м3 и потисен цевковод. На пригодна свеченост стартот на работите го означија министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, директорката на ЈП Комуналец Наташа Лазова и жители на селото посакувајќи што поскоро завршување на работите кои е предвидено да траат 6 месеци, со што ќе се оствари целта сите жители на Пепелиште, без разлика на местото на живеење, континуирано да имаат вода за пиење. Министерот Мисајловски истакнувајќи ја одличната соработка со градоначалникот Апостолов рече дека она што е ветено се реализира на задоволство на месното население, додека Апостолов информираше дека проектот за изградба на резервоарот чини 6.500.000 денари обезбедени од Европската инвестициона банка преку Министерството за транспорт и врски. Посетата на Неготино министерот Мисјаловски ја искористи на лице место да се запознае со текот на работите за реконструкција на водоводната мрежа во градот во должина од 8 километри.