Започна изградбата на 3 улици во Тимјаник PDF Печати

   По обезбедувањето на финансиските средства во висина од 10.000.000 денари неопходни за реализацијата на проектот, во селото Тимјаник започнаа градежните работи за изградба и асфалтирање на 3 улици во вкупна должина од 1.000 метри. Во моментот се изведуваат зафати на најдолгата улица која води кон гробиштата и земјоделските површини лоцирани во атарот на Тимјаник во должина од 530 метри, при што во консултација со изведувачот, а на барање на населението, истата ќе биде продолжена за уште 30 метри. Работници на фирмата изведувач Градба-промет веќе имаат тампонирано една улица во селото во должина од 260 метри, а со проектот ќе биде изградена и асфалтирана уште една улица во должина од 210 метри. Сите 3 улици ќе бидат со ширина на патот од 5 метри, а се очекува работите да завршат во предвидениот рок за тоа и тимјаничани да добијат уште 3 нови асфалтирани улици.