„Недела на виното-Св. Трифун 2016“ – Неготино. PDF Печати

   Со прием на делегации-гости на денешната прослава во кабинетот на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов започнаа активностите по повод одбележувањето на верскиот празник „Св. Трифун“-заштитникот на лозарите и винарите, додека низ улиците на градот дефилираа членови на 4 културно-уметнички друштва. Централната прослава се одржа на градскиот плоштад во Неготино каде што пригодни обраќања пред присутните имаа вицепремиерот и министер за финансии во Владата на РМ Зоран Ставрески и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кои на сите лозари им посакаа да имаат бериќетна година со богат и квалитетен род кој пак ќе биде предуслов винариите да произведат квалитетно вино кое ќе го најде својот пласман на домашниот и странските пазари. По обредот на осветување на лозата од страна на свештено лице од МПЦ„Св. Атанасиј“, вицепремиерот Ставрески и градоначалникот Апостолов го извршија симболичниот чин на закројување на виновата лоза со што неофицијално го означија стартот на работите во лозарството наздравувајќи со чаша неготинско вино. На свеченоста на најдобрите производители на вина и ракии во категоријата индивидуални производители и винарски визби има беа доделени пригодни награди и признанија,а настанот продолжи со богата културно-забавна програма и дегустација на вина и специјалитети од храна.