Се одржа дегустација-натпревар на вина и ракии PDF Печати

   Стручна комисија составена од 8 членови-претставници на Здружението на енолози на Македонија во рамките на активностите од манифестацијата „Недела на виното“ денеска дегустираа и ги оценуваа доставените мостри од вина и ракии и тоа како од индивидулани производители, така и од винарски визби. Карактеристично за овогодишниот натпревар е тоа што е регистриран најголем број на учесници досега, при што во категоријата ракии произвидени од индивидуални производители се оценуваат и дегустираат 18 доставени мостри, бели вина 21 и мостри од 25 црвени вина. Исто така, енолозите ги дегустираа и оценуваа белите и црвените вина произведени од винарии од земјава и странство. Наградите на најдобрите производители ќе им бидат врачени во недела во рамките на одржувањето на централната свеченост по повод Свети Трифун.