11 февруари е рокот за доставување мостри од вино и ракија за „Св.Трифун“ PDF Печати

   Локалната самопуправа Неготино ги известува сите заинтересирани производители на вино и ракија дека и годинава во рамките на манифестацијата „Недела на виното“ која се одржува во чест на празникот на лозарите и винарите „Св.Трифун“ ќе се избираат најубави вина и ракии од индивидуални производители-настан кој традиционално се одржува секоја година, а наградите на најдобрите им се доделуваат на централната прослава на градскиот плоштад на 14 февруари во недела. Организаторите информираат дека секој производител потребно е да донесе по 2 мостри од иста сорта во просториите на општина Неготино на трети спрат кај лицето Ивица Златковиќ, а информации можат да се добијат и на телефонскиот број 072/320-833. Учеството на натпреварот за избор на најубави вина и ракии е бесплатно, а донесените мостри ќе ги оценува стручен тим од енолози од Здружението на енолози на РМ.