Ул„Енгелсова“ со комплетно нова водоводна мрежа PDF Print
There are no translations available.

   Поволните временски услови и посветениот однос кон работните задачи од страна на изведувачот на работите придонесуваат активностите од проектот за комплетна реконструкција на улици во Неготино во должина од 8 километри да се одвиваат со извонредно темпо и однапред утврдената динамика. Работници на изведувачот моментално изведуваат градежни работи на 4 улици во Неготино и тоа Никола Петров, Душан Јуруков, Ило Виларов и 29 Ноември каде што по замената на водоводната линија се врши поставување на водоводни шахти, додека предходно комплетно беа завршени работите на улицата Енгелсова на која старата и дотраена водоводна мрежа е заменета со нова водоводна линија, а поставени се и водоводни шахти и приклучоци до домовите на граѓаните. Станува збор за улица на која беа детектирани најголеми загуби на водата која доаѓа од Лукар, па како што појаснуваат стручните служби, мошне скоро на располагање ќе имаат компетентни податоци за подобрувањето на квалитетот на водоснабдувањето на оваа улица, како и на останатите улици на кои се работи за подобрување на водоснабдувањето во Неготино.