Проект ,, Мрежа за култура, спорт и туризам” во Бугарија PDF Печати

           Од 7 до 11 јуни во општина Попово беше реализирана втората фаза од Проектот ,, Мрежа за култура, спорт и туризам”, финансиран по програмата ,,Европа за граѓаните” 2007-2013, мерка 1.2 Мрежа на збратимени градови .
          Проектот се реализира од општина Попово во партнерство со општина Неготино и општина Берово - Македонија, општина Две Могили - Бугарија, општина Кампулунг - Романија и Повијат Трзбеница - Полска.

          Од 7 до 11 Јуни во Општина Попово се рализираа активности од втората проектна дејност преку поврзување, организирање и одржување на Фестивалот на збратимени и пријателски градови на Попово.
Дејноста вклучуваше:
1.    Посета на Копанскиот архитектурно –етнографски комплекс во с. Садина. Концерти во населеното место на општината.
2.    Спортски игри и прошетка низ градот Попово. Фестивал на збратимени и пријателски градови ,, Заедно за Европа” во Попово.
3.    Посета на историскиот музеј на град Попово,  Посета на туристичките објекти на општина Попово, Официјално потпишување на Договорот  за партнерство на проектот.
4.    Концерт  по повод Празникот на град Попово- 10 Јуни;

Во настанот беа вклучени исполнители и состави од повијатот Трзбеница, Kампулунг, Берово, Неготино, Две Могили и Попово.
Реализирањето на настанот  придонесе за воспоставување на нови и развој на суштествени контакти и развој  во сферата на културата и за зголемување на сознанието на граѓаните за влијанието на политиките на ЕУ во општеството.