Празникот на лозарите „Св.Трифун“ ќе се одбележува од 12 до 14 февруари PDF Print
There are no translations available.

   И  оваа година традиционалната стопанско-туристичка манифестација „Свети Трифун-Недела на виното 2016“ ќе се одржи во деновите 12, 13 и 14 февруари, со тоа што централниот настан ќе се одржи во недела на 14 февруари на градскиот плоштад во Неготино со почеток од 11 часот. И оваа година се плинира манифестацијата да изобилува со голем број на настани и содржини со кои локалната самоуправа се надева дека ќе се придонесе истата да биде посетена и проследена од бројни гости од општината и регионот, туристи и посетители кои ќе можат да уживаат во гостопримството на Неготино и неготинци. Со цел за утврдување на финалниот концепт на манифестацијата, во среда на 27 јануари со почеток од 12,00 часот во големата сала на општина Неготино ќе се одржи координативен состанок со сите заинтересирани кои сакаат да дадат сопствен придонес во организацијата на настанот. Инаку, општина Неготино веќе ги започна неопходните подготовки околу организацијата на овој настан кој е од голема важност за нашата општина и придонесува за поголема промоција на регионот и севкупниот локален развој.