Замената на старата со нова водоводна мрежа се одвива според предвидената динамика PDF Печати

   По обезбедувањето на потребните финансиски средства за реализацијата на проектот „Реконструкција на водоснабдителниот систем во Неготино“ и потпишувањето на договорот со најповолната фирма-изведувач на работите, веќе извесен период на терен се одвиваат работите за замена на повеќе од 70 години старата и дотраена со нова водоводна мрежа со единствена цел за елиминирање на постоечките загуби на водата за пиење. Станува збор за проект вреден 38.000.000 денари – средатва со кои ќе се замени водоводната мрежа на  улици во Неготино во должина од 8 километри. Поволните временски услови на изведувачот му овозможија непречено извршување на работите на терен, па како резултат на тоа досега е поставена нова водоводна мрежа на 4 улици во Неготино и тоа на Ило Виларов во должина од 500 метри, на Енгелсова од 200 метри, на Душан Јуруков од 185 метри и на улицата Никола Петров во должина од 260 метри. Инаку, иако рокот за изведување на комплетните работи е 9 месеци, според сегашната динамика со која се одвиваат истите и доколку временските услови и понатаму му одат во прилог на изведувачот, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов очекува потсваувањето на новата водоводна мрежа да заврши и пред предвидениот рок за тоа.