Започната е постапка за проширување на Индустриската зона „Неготино“ PDF Печати

  Согласно Законот за земјоделско земјиште Владата на Република Македонија донесе одлука за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на урбанистички план вон населено место за изградба на објекти со намена Г2 – лесна и незагадаувачка индустрија во катастарската општина Криволак во општина Неготино. Вкупната површина на земјоделското земјиште за кое е дадена согласност за негова трајна пренамена во градежно е со вкупна површина од 324464,48 метри квадратни и се наоѓа во непосредна близина на постоечката Индустриска зона „Неготино“. Се очекува по завршувањето на сите неопходни законски процедури и објавата за продажба на градежните парцели, интересот ќе биде голем и дека и овој пат сите понудени на продажба парцели ќе бидат купени од потенцијални инвеститори. Инаку, предходно благодарение на одличната местоположба и атрактивната локација беа продадени сите градежни парцели во Индустрискта зона „Неготино“ на површина од близу 30 хектари.