Новата година дочекана на плоштадот во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во весела и празнична атмосфера голем број граѓани на општина Неготино Новата 2016-та година ја дочекаа на градскиот плоштад во Неготино каде што организираниот дочек го организираше локалната самоуправа, а за забавата се погрижија членовите на групата Антигона-бенд. Ниту студеното време и ниските температури кои се спуштија неколку степени под нулата не ги спречија нашите сограѓани да излезат на плоштадот и заеднички да ја испратат старата 2015 и да ја дочекаат новата 2016 година. Точно на полноќ кога стрелките на часовникот се поклопија и беше означено доаѓањето на Новата година следуваше спектакуларен огномет и традиционалното обраќање на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на присутните сограѓани им ја честиташе Новата година со желби за добро здравје, многу среќа и успех на личен и професионален план. Предходно, неколку часови пред полноќ, градоначалникот Апостолов ги посети вработените во установите кои се грижат за здравјето и безбедноста на граѓаните на општина Неготино и тоа Полициската станица, Противпожарната единица и Здравствениот дом во нашиот град посакувајќи им за најлудата ноќ во годината да имаат што е можно помалку работи, а посетата ја искористи на дежурните служби да им подели пригодни подароци.