Среќни Новогодишни и Божикни празници PDF Печати

   Почитувани граѓани на општина Неготино !
Во пресрет на одбележувањето на новогодишните и божикните празници би сакал од мое лично име и од име на општина Неготино на сите вас од се срце да ви посакам се најдобро во новата 2016 година !
Ви посакувам да имате здравје и среќа, да ви се остварат малите и големите желби, да зрачите од ведрина и оптимизам, да имате убави мисли и да ви се остварат вашите соништа, да бидете опкружени со за вас драги личности и да имате мир, благосостојба и успех на личен и на професионален план !
Како прв човек на локалната самоуправа, а со цел за подобрување на условите за живеење на сите граѓани на општина Неготино, посакувам навреме да ја завршиме реконструкцијата на водоводната мрежа во градот и изградбата на два нови резрвоари за вода и конечно долгорочно да го надминеме проблемот со недостигот од вода за пиење, а нашите сограѓани веќе престојното лето да имаат 24 часовно континуирано водоснабдување !
Посакувам завршување на изградбата и реконструкцијата на неколку значајни патни правци на територијата на нашата општина, изградба на стопански капацитети во индустриската зона неготино и отворање нови работни места за неготинци, започнување на процесот на гасификација на општина Неготино и реализација на голем број започнати проекти и оние кои допрва треба да почнеме да ги реализираме !
Накратко, посакувам сите ние-граѓаните на општина Неготино да живееме во една просперитетна општина која ќе ги овозможи сите услови за напредок во повеќе сфери од нашето живеење !
На крајот, на сите граѓани на општина Неготино им ги честитам Новогодишните и Божикните празници и им посакувам се најдобро во новата 2016 година !