Новогодишна забава во ДГ„Фемо Кулаков“ PDF Печати

    Традиционално, како и секоја, така и оваа година во Детската градинка „Фемо Кулаков“ во Неготино која е со целосно исполнет капацитет и се бара место повеќе за престој на нови дечиња, се одржа традиционалната новогодишна забава  во чија изведба учествуваа дел од дечињата кои престојуваат во оваа воспитно-образовна установа, претставници на Советот на родители, воспитувачки и други претставници на градинката. Весело и разиграно беше во текот на времетраењето на целата претстава на задоволство на сите присутни кои имаа можност да ја проследат истата, а меѓу гостите беше и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој за сите 390 дечиња обезбеди новогодишни пакетчиња кои Дедо Мраз ќе им ги подели на дечињата кои престојуваат во градинката. Директорката Весна Нацева на сите кои дадоа придонес во подготовката и реализацијата на претставата им упати јавна благодарност, а градоначалникот Апостолов истакна дека уживал во прекрасната претстава во изведба на нашите најмлади сограѓани.