Прием за шампионот и вицешампионката во шах на Државното првенство за средношколци PDF Печати

   Продолжува успешната низа настапи на нашите млади сограѓани-шахисти Ана Петрова и Тони Лазов кои со своите извонредни познавања на оваа древна игра слободно можеме да кажеме станаа „претплатени“ на освојување на медалји и трофеи на локално, државно и меѓународно ниво. Имено, на деновиве одржаното Државно првенство во шах за средношколци во машка и женска конкуренција Тони и Ана уште еднаш на шаховската табла го демонстрираа раскошниот талент и знаење кое го имаат, при што во машка конкуренција Тони Лазов со 5,5 освоени поени од 6 мечеви го освои првото место и златниот медал, додека во женска конкуренција Ана Петрова беше второпласирана и носител на сребрен медал. Денеска прием за Ана и Тони организираше градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој средбата ја искористи да им честита на одличниот успех, да каже дека е горд на континуираните успеси на двајцата млади шахисти кои на овој начин, покрај за сопствената, придонесуваат и за афирмација и на општина Неготино, додавајќи дека тие и останатите млади, талентирани и успешни спортисти од нашата општина ја имале и секогаш ќе ја имаат неговата и поддршката на локалната самоуправа.