Заврши третиот традиционален ракометен турнир во кадетска конкуренција “Неготино 2015” PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино, како дел од програмата за спорт, во коорганизација со ракометниот клуб “Вардар - Неготино” овој викенд (19 и 20 декември) во салата на СОУ “Св.Кирил и Методиј” го организираше третото по ред издание на турнирот во ракомет за кадети (генерации помлади од ’99). На овој традиционален ракометен турнир учество зедоа четири екипи во машка конкуренција (кадети), една екипа во женска комнкуренција и две екипи во машка пионерска конкуренција. Победник на турнирот во кадетска конкуренција е екипата на РК “Вардар-Неготино” која во финалето го совлада тимот на РК “Торо - Спорт” од Виница, додека третото место и припадна на екипата на ГРК “Тиквеш” од Кавадарци, која ја совлада втората екипа на РК “Вардар-Неготино”. Во пионерска конкуренција во единствениот натпревар кој што се одигра во оваа конкуренција екипата на РК “Вардар - Неготино” одигра нерешено со екипата на ГРК “Тиквеш” од Кавадарци. Во продолжение се резултатите од турнирот:

 

Машка конкуренција (кадети)
Трето место
ГРК “Тиквеш” - РК “Вардар Неготино 2” 18:9 полувреме 8:5
Финале
РК “Вардар-Неготино”  - РК “Торо Спорт” 14:9, полувреме 7:3

Пионеска конкуренција
РК “Вардар-Неготино” – ГРК “Тиквеш” 11:11
Ревијален натпревар
ЖРК “Вардар-Неготино” (кадетки) – ГРК “Тиквеш” (пионери) 13:12
Најдобар стрелец на турнирот беше централниот бек на екипата на РК “Вардар-Неготино”, Драган Кузманов кој постига 24 гола на 5 натпревари, најдобар голман е Александар Мицев исто така од екипата на РК “Вардар-Неготино”, а најдобар играч е Димитар Михајлов од екипата на РК “Торо Спорт” од Виница. Во идеалниот тим на турнирот се најдоа Матеј Костов и Стефан Стоименов од РК “Торо Спорт”, Дончо Ефремов и Мартин Петров од ГРК “Тиквеш” и тројца ракометари на РК “Вардар Неготино” - Кире Паланков, Лазе Арсов и Симе Трајков. На најдобрите екипи и поединци на турнирот градоначалникот на општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов им додели дипломи и пехари, додека на останатите учесници им беа доделени благодарници за учество. Генерален спонзор на турнирот беше Кроација Осигурување - Неживот.