Подготвителни работи за реконструкција на водоводот PDF Print
There are no translations available.

   Веќе извесен период во Неготино на терен се реализираат активностите од проектот вреден 38.000.000 денари-средства обезбедени од Светска банка за реконструкција на повеќе од 7 децении стариот и руиниран водоснабдителнен систем на улици во градот во должина од 8 километри. Подготвителните теренски работи започнаа на улицата „Енгелсова“ во должина од 200 метри каде што стручните служби утврдија присуство на најголеми дефекти и огромни загуби на водата за пиење кои на некои места достогнуваа и до 70 отсто од количините кои доаѓаат од Лукар. По завршувањето на работите на оваа, градежната механизација ќе биде активна на улицата „Ило Виларов“ каде што ќе се работи на зафати на водоводната мрежа во должина од 500 метри, а понатаму работите ќе се одвиваат според однапред утврдената динамика и на останатите улици во Неготино. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов беше на терен и на лице место го следеше текот на одвивањето на работите, притоа изразувајќи задоволство што истите се одвиваат според планот, што пак е основен предуслов за навремено завршување на реконструкцијата на водоводот во период од 9 месеци. Апостолов истакна дека доколку временските услови го дозволат тоа, работите на терен можат да завршат и пред предвидениот рок за тоа, а се во интерес веќе престојното лето во Неготино да нема редукции на водата за пиење и населението да има 24 часовно водоснабдување.