Соопштение до јавноста PDF Print
There are no translations available.

Од петок (11 ноември) стартуваат подготвителните теренски работи за започнување на реконструкцијата на водоснабдителниот систем во Неготино на улици во должина од 8 километри за што неодамна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го потпиша и договорот со фирмата изведувач. Бидејќи станува збор за градежни работи кои имаат специфичен карактер, односно ќе се работи на сечење на асфалтот, ископ на улици и тротоари каде што минува водоводната мрежа и изработка на ревизиони шахти, а движењето по улиците ќе биде отежнато, општина Неготино навремено ќе ги информира граѓаните за тоа на кои улици во градот во определен период ќе се изведуваат градежни работи. Така, од петок се започнува со подготвителните работи на улица Енгелсова во должина од околу 200 метри, а работите се очекува да се одвиваат најмалку во наредните 20-тина денови. Токму затоа, се информираат жителите кои живеат на споменатата улица да ги извадат своите автомобили, трактори, приклучна механизација и други превозни средства за да можат истите да ги користат за времетраењето на изведувањето на работите. Како работите ќе се префрлуваат на други улици, стручните лица од Одделението за односи со јавноста благовремено ќе ги информираат граѓаните, со единствена цел работите да се одвиваат во најдобар ред и да не се создаваат проблеми на населението.