Во среда повторно заеднички да ја засадиме својата иднина PDF Печати

   Почитувани сограѓани ! До сите вас упатувам јавна покана од мое лично име и од име на општина Неготино во среда на 2-ри декември што е можно помасовно сите заеднички да се вклучиме и да дадеме сопствен придонес во успешното резлизирање на акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ која ќе се реализира и во нашата општина преку засадување на околу 20.000 нови садници багрем, чемпрес и црн бор. Во соработка со надлежните институции обезбеден е организиран превоз со звтобуси и комби-возила до локацијата на која ќе се изведува акцијата, а тоа е просторот во близина на надвозникот кај село Пржедево. Организираното тргнување од Неготино ќе биде во термините од 09,00 и од 11,00 часот, додека во акцијата ќе бидат вклучени и учениците од од прво до шесто одделение кои ќе бидат ангажирани во активности за еколошко уредување и засадување на шумски садници во училишните дворови. Како градоначалник на општина Неготино ги повикувам сите заинтересирани граѓани во среда да земат учество во „Денот на дрвото“ и со засадување на што е можно повеќе садници сите заедно да придонесеме за унапредување и создавање услови за зачувување на здравата животна средина.