Премиерот Груевски во работна посета на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и заменик-министерот за земјоделие Ванчо Костадиновски оствари работна посета на општина Неготино. Заедно со градоначалникот Ванчо Апостолов и пратеничката во Републичкиот парламент Благородн Бојаџуева присуствуваа на започнувањето на градежните инфраструктурни работи за изградба на стопански капацитети во Индустриската зона Неготино. Премиерот Груевски во своето обраќање пред присутните истакна дека стратегијата и политиките на Владата за засилен економски развој, привлекување нови инвестиции, отворање на нови работни места и континуиран напредок на РМ продолжуваат со несмален интензитет во сите полиња. Градоначалникот Ванчо Апостолов информираше дека благодарение на одличната местополжба, проддадени се сите 17 парцели во оваа индустриска зона, додавајќи дека во тек е постапка за проширување на истата на нови 40 хектари. Инвеститорот Илија Гечев-сопственик на ИГМ-трејд се заблагодари на поддршка од Владата на РМ и истакна дека се очекува првите хали ќе бидат готови во период од 1 година, а во меѓувреме ќе биде ангажирана работна сила за изведување на овие активности. Веднаш потоа премиерот Груевски, градоначалникот Апостолов и инвеститорот Гечев го означија почетокот на градежните работи во Индустриската зона Неготино кај Црвени Брегови. Посетата продолжи во извршување увид на работите на патниот правец Неготино-Криволак кој е во фаза на проширување по што ќе следи и негово асвалтирање во должина од 3 километри со средства од 20.000.000 денари со што ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Владината делегација и домаќините имаа средби со жителите на Криволак и Д.Дисан на кои се разговараше за актуелни теми, а беше посетена и фабриката Ролопласт во Неготино.