Се одбележува „Неделата на стари лица“ PDF Печати

  Во рамките на одбележувањето на „Неделата на стари лица“ која се реализира во цела Македонија, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов престојуваше и оствари контакти со лицата во Домот за стари лица „Жана“ во нашиот град. Посетата беше искористена градоначалникот Апостолов и сопственичката на Домот Снежана Илова во функција да го предадат новоизградениот објект во овој дом за стари лица со чие функционирање ќе дојде до унапредување на условите за престој на стари лица, ќе се зголеми капацитетот на установата и ќе се создадат услови за нови вработувања. Апостолов и Илова ја истакнаа одличната соработка на реалација општина Неготино-Дом за стари лица „Жана“, а при остварените разговори со дел од лицата кои престојуваат во Домот Апостолов им посака да имаат длабока старост и да уживаат во комодитетот што го пружа оваа установа. Во чест на градоначалникот Апостолов и во знак на благодарност за неговата посета, од страна на корисниците на услугите и персоналот од Домот беше изведена пригодна програма.