Градоначалникот Апостолов посетен од дечиња од градинката „Фемо Кулаков“ PDF Print
There are no translations available.

   „Наша цел е да работиме за доброто на сите граѓани од општина Неготино - за вашите мајки, татковци, баби, дедовци и тоа како во градот, така и во населените места и да реализираме проекти преку кои ги подобруваме условите за живеење во нашата општина“- одговори градоначалникот Ванчо Апостолов на прашањето на нашите најмлади сограѓани што значи и што работи градоначалникот за време на посетата од страна на дечињата кои престојуваат во детската градинка „Фемо Кулаков“ кои во рамките на воспитно-образовниот процес го спроведуваат проектот „Градот низ моите очи“. Дечињата го запрашаа градоначалникот дали се планира поставување на нов играчки за нив, лулашки, изградба на парковски површини, уредување на просторот околу двата клона на градинките и слично, на што Апостолов одговори дека на неколку локации во градот веќе е поставена урбана опрема, играчки, просторот е хортикултурно уреден и сега тие претставуваат одлично место за одмор и релаксација за повеќе генерации сограѓани, додавајќи дека мошне скоро ќе се започне со уредувањето на запуштениот простор кај Спомен-костирницата кој со поставување на зеленило, клупи за седење, играчки, изградба на терени за спортски активности ќе прерасне во уште едно пријатно катче за најмладите и за оние кои се грижат за нив. Сепак, им се обрати градоначалникот на дечињата, приоритетен проект е долгорочно решавање на проблемот со водоснабдувањето за што во моментов и во иднина се преземаат и ќе се реализираат активности со цел веќе наредното лето редукциите на водата за пиење да бидат минато за неготинци.