Заврши седмиот по ред традиционален турнир во табла „Неготино 2015“ PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на програмата за одбележување на Денот на градот – 8ми Ноември по седми пат беше организиран турнирот во табла “Неготино 2015”. Учество на истиот зедоа 64 учесници, кои во период од три дена (5-7 ноември) колку што траеше турнирот, одиграа многу интересни мечеви, а најдобрите по систем на елиминација дојдоа до самата завршница. Овогодишен победник на турнирот е Васил Лазаров, кој за постигнатиот резултат доби диплома и парична награда од 7.000 денари, второпласиран е Горан Стојановиќ кој доби диплома и парична награда од 5.000 денари, а третопласиран е Трајче Михајлов кој покрај диплома за трето место заработи и награда од 3.000 денари. Покрај наградите за најдобрите тројца учесници, беа доделени и благодарници за учество турнирот.