Поставен камен-темелник за изградба на патот од Калањево до Бела вода PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, пратеничката од нашиот град во Републичкиот Парламент д-р Благородна Бојаџиева и претставник на месната заедница со поставувањето на камен-темелник го означија започнувањето на градежните работи за изградба на патниот правец од селото Калањево до излетничкото место Бела вода. Станува збор за изградба на линиска патна инфраструктура која ќе обезбеди полесен и посигурен пристап до ова извонредно атрактивно излетничко место кое е масовно посетувано како од граѓани на општина Неготино, така и од жители на други градови од Македонија. Вредноста на работите изнесува 15.000.000 денари – средства обезбедени од Агенцијата за поддршка на земјоделието и руралниот развој на Република Македонија, додека средствата за данокот на додадена вредност ги обезбедува локалната самоуправа Неготино. Со реализацијата на овој проект ќе се изгради модерен и современ пат од Калањево до Бела вода кој ќе гарантира и поголема сигурност на сите учесници во сообраќајот кои се упатуваат кон ова излетничко место.